Реклама
Македонија

Лога тврди дека министерот зборува невистини, Филков му порача-Дијалогот ќе продолжи пред надлежните

Лога нервозен, откако Филков обелодени каков хаос наошол во Министерството за правда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лога нервозен, откако Филков обелодени каков хаос наошол во Министерството за правда и дека недостасувале клучни оригинални документи. Екс министерот тврди писмото од Брисел со оценките и насоките за работата на судскиот совет, пристигнало по електронски пат. Го повика актуелниот министер јавно да се соочат. Тој пак му порача дека понатамошниот дијалог ќе се води пред надлежните органи.  За министерот Филков разбирлива е нервозата на Лога и вели дека стои поазди секој збор што го кажал за неговиот претходник.

„Сѐ што имав да кажам во врска со работата на мојот претходник кажав вчера и стојам поради тоа. Ја разбирам неговата нервоза, но, понатамошниот дијалог ќе се одвива преку надлежните органи“, вели Филков.

Лога како невистинити ги отфрли тврдењата на Филков.

Реклама

,,Писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и вицепремиерот Маричиќ, претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев и други. Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, Истото писмо, со дозвола на мисијата, е споделено и со работната група (за реформи во правосудството), односно со претседателот, академик Владо Камбовски“,стои во реакцијата на екс министерот за правда Кренан Лога објавена на фејсбук.

Филков посочи дека го презел Министерството без примопредавање и со испразнет кабинет од потребната документација, но со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секој во количина од над 200 парчиња. Фактурата за сите овие работи била речиси милион денари.  Лога и за ова се правда со образложение дека кога била избрана новата власта тој бил на планиран семеен одмор и оти сите фактури во Министерството биле навреме подмирани.  

Даниел Ѓорѓевски