Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Ден на жалост во Велес поради тројцата настрадани во сообраќајката кај Катланово

Двајца повредени од страотната несреќа кај Катланово се борат за живот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца повредени од страотната несреќа кај Катланово се борат за живот на КАРИЛ. А уште двајца, се хоспитализирани и се стабилни – сите се на интензивна нега, информираат од Клиниката. Еден од повредените е во старата градска болница со тешки телесни повреди.

“Сите четворица пациенти се хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување и сите се со тешни телесни повреди, од кои двајца се во критична состојба. Двајца од нив се оперирани веднаш по приемот. Лекарските тимови кои од синоќа се дополнително зајакнети се борат за нивниот живот и го пружаат потребниот здравствен третман и нега”, велат од КАРИЛ.

Во ужасната сообраќајка тројца велешани трагично го изгубија животот.Жртвите се од 37 до 66 години.Засега не се познати причините како патничкото комбе се преврело на патот. Она што е познато е дека луѓето се враќале од работа. 

Реклама

Од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за утврдување на причините за сообраќајката.

„Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот“, велат од ОЈО.

Утрешниот ден општина Велес го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани.Како што информират знамињата ќе бидат на половина копје, и сите културни и спортски манифестации закажани за утре се одложуваат.