Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги, патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати

СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во ќорсокак, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Зоран Заев тврдеше дека носи историски докази од Брисел или старт на преговори, единствен факт од патувањето во Брисел беше селфито во авионот. Или го излажа народот.

Тоа беше ситуација со која се покажа неспособноста на коалицијата СДС и ДУИ.

Реклама

СДС и ДУИ ниту имаа осет за државни интересни, уште помалку државнички став.

СДС и ДУИ немаа црвени линии кога стануваше збор за стратегијата како да се поплочи патот кон ЕУ.

СДС и ДУИ патот кон ЕУ го претворија во свој личен бизнис-план за сопствено богатење од кој дебел профит имаа членовите на нивните фамилии.

Концептот европска иднина се распадна како кула од карти под налетот на контото на банкарските сметки на поранешните владини функционери.

Јасно кажуваме заврши времето на игра со чувствата на граѓаните, заврши времето на местење тендери.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и затоа доби поддршка од над 450 илјади граѓани.

Сега патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.