Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Почна грејната сезона

Почна грејната сезона. Околу 60 илјади домаќинства кои се снабдуваат преку државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна грејната сезона. Околу 60 илјади домаќинства кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и Те- То во Скопје од денеска до 15-ти април треба да имаат топли радијатори од 6 -22 часот.

Според обиколката која ја направи Алфа во поголем дел граѓаните се разбудиле во топли станови и куќи, но во одредени општини како во делови од Кисела Вода и Општина Карпош утрината радијаторите беа ладни. Иста е сликата и во деловите од Скопје каде граѓаните се греат на таканаречено „железарско“ парно.

Од државната ЕСМ апелираат потрошувачите и граѓаните што побрзо да ги отстранат дефектите и да обезбедат непречен пристап на нивните екипи. Од компанијата инормираат дека во октомври и првата половина од ноември, дали ќе има парно, ќе зависи од временските услови во различни периоди од денот. Ако надвор е поладно ќе има потопли радијатори и обратно. Според ЕСМ годинава за прв пат се бележи најнизок број на затворени објекти пред старт на грејна сезона а тоа се должи на зголемена соработка помеѓу потрошувачите и компаниите од ЕСМ.

Реклама

Во 96 објекти сè уште не се обезбедени услови за испорака. Од нив, во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти топлинските станици немаат електрично напојување. Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација, велат од ЕСМ.

Инаку, цевките под мостот Беласица кој беше опожарен во мај минатата година преку кои се испорачува топлинска енергија од „Те-То“ сеуште не се поставени

Овој цевковод е важен за да може да се испорачува повеќе топлинска енергија од ТЕ-ТО која е значително поевтина отколку од топланите.