Реклама

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Македонија

Покачување од 5% на платите ќе добијат и другите образовни кадри

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие и другиот кадар во образовниот систем.

Во изјава за МИА, Јаневска вели дека постигнатата спогодба за покачување е оптимална и е направена врз основа на можностите на Буџетот, бидејќи, како што рече, претходната власт го оставила Буџетот во крајно незавидна состојба.

– И другиот кадар во образовниот систем ќе добие зголемување од пет проценти. Постигнавме спогодба, која всушност Буџетот во овој момент ја овозможува, тоа беше оптимална спогодба, затоа што повеќе пати кажавме дека Буџетот кој ни го остави претходната власт беше во крајно незавидна состојба. Искрено се надевам дека наставниците и останатиот персонал во училиштето ќе биде задоволен од заложбите кои ги направивме, затоа што тоа беа сериозни напори, – рече Јаневска.

Реклама

Она што е важно, додаде, е дека со договорот се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците и останатиот персонал, а истиот ќе биде дел од Колективниот договор кој треба да се потпише во февруари.

– Во овој наш договор, всушност, зборуваме за повеќегодишен договор во кој се обезбедува континуирано покачување на платите на наставниците и останатиот персонал, кое е во времетраење од четири години, и ќе биде дел од Колективниот договор, кој ќе го потпишеме во февруари. Останува уште да се заблагодарам на премиерот и на министерката за финансии, кои направија сериозни напори за да можеме ова да го оствариме. На наставниците им пожелувам со здравје да си ги трошат средствата кои ќе ги добијат со октомвриската плата – рече министерката.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера, по средбата со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, посочи дека платите на наставниците и професорите со октомвриската плата се зголемуваат за пет проценти, додека до крајот на мандатот ќе пораснат за минимум 46 проценти. Рече дека е постигнат „историски договор“, којшто е во насока на подобрување на финансиската состојба на наставниците и професорите и најави ново покачување од 7 проценти во март 2025 година.

Во зависност од состојбата на Буџетот, тој нагласи дека во 2026 и 2027 година платите на наставниците и професорите ќе се зголемат за 7,5 до 10 проценти, додека во 2028 година за 10 до 12,5 проценти.