Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Засилена соработка со странски центри за дијагностика за поефикасен третман на ретките болести

Ограничените ресурси за откривање на ретките болести, долгите тендерски постапки,немањето ефикасен систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ограничените ресурси за откривање на ретките болести, долгите тендерски постапки,немањето ефикасен систем за набавка и ургентен увоз на лекови се главни причини поради кои лицата со ретки болести во Македонија,понекогаш и со години чекаат соодветна терапија.Неретко во безизлез семејствата сами ги носат потребните биолошки материјали на испитување во странство, најчесто во Будимпешта. Ниту болеста, ниту животот не чека тендери,има ситуации кога мора да се даде терапија во текот на 24 односно 48 часа-вели професор доктор Велибор Тасиќ.

  • “Јас пред неколку години имав случај да барам дозвола за праќање на биолошки материјал, ми велат не е тука директорот. И вие треба да чекате да се врати директорот, заменик нема за да потпише. И родителите носат кришум. Јас биолошки материјал носам кришум, шверцувам, јавно тоа го велам. Имаме дете кое прима најсовремена терапија, но ја чекаше скоро година дена,се влоши неговата ситуација”-вели проф.др.Велибор Тасиќ-потпретседател на Македонското здружението за ретки болести 

Охриѓанката Гордана Лолеска сведочи колку години чекала да се дијагностицира болеста кај нејзиниот син,за кој нема лек.Таа зборува за децениското талкање по институции и болнички ходници.

  • “Дијагностицирањето е најтрнливиот пат низ кој оди едно семејство со ретки болести. Кај нас поминаа 14 години, затоа што многу од симптомите на ретки болести се преклопуваат една со друга.Некои ретки болести се од животозагрозувачка состојба  така да навременото дијагностицирање на ретките болести некогаш значи живот”-вели Гордана Лолеска-претседател на здружение за ретки болести Охрид

На светско ниво регистрирани се повеќе од 7000 ретки болести. Во Македонија има  822 пациенти со ретка болест, само 260 од нив добиваат некаква терапија.Лани се набавиле 6 нови лекови за ретките болести кои претставуваат предизвик и за лекарите.

Реклама
  • “Претставуваат предизвик  дијагностички,предизвик тераписки, предизвик економски за здравствениот фонд на сите држави извонредно тежок и трнлив е патот до дијагнозата.Науката оди напред, сигурно ќе дијагностицираме се повеќе и повеќе ретки болести, има ретки болести има утра ретки болести за кои нема соодветно оружје, односно немаме соодветен лек” –вели проф.др Злате Стојаноски-Претседател на национална комисија за ретки болести  

Некои семејствата кои имаат член со ретка болест се иселуваат во странство затоа што во Македонија неможат да добијат навремена терапија.Сето ова беше истакнато на симпозиум во Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија.

Росица Голабоска 

https://youtu.be/bw0SVw6Vzz0