Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Предизборно, во САД се пропагираат и религиските прашања

Два собири. Две различни погледи. Ова е „Митингот за демократија“, кој ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два собири. Две различни погледи. Ова е „Митингот за демократија“, кој ги поддржува сите религии.

Ова е турнејата на Разбуди се Америка.

„Исус е мојот спасител; Доналд Трамп е мојот претседател“.

Реклама

Трета година по ред, турнејата го поддржува христијанскиот национализам, идејата дека САД се христијанска земја и треба да имаат закони што ќе го одразуваат тоа.

„Со задоволство ќе бидам христијански националист. Што можете да кажете против христијанството? Тие зборуваат за „Јас го следам Богот на љубовта, го следам мојот живот по Исус и ја сакам мојата земја.“ МАГА: Направете ја Америка повторно голема. Што има лошо во тоа?“

И, Доналд Трамп вели дека нема ништо лошо во тоа.

„Ние заедно сме воини во праведната крстоносна војна да ги запреме пироманите, атеистите, глобалистите и марксистите, а тоа сме ние. Ние ќе ја вратиме републиката како една нација, под Бога, со слобода и правда за сите“.

„Нашата земја е изградена на христијански и еврејски вредности и принципи. Така пишува во Уставот“.

Американскиот Устав не го спомнува христијанството. Наместо тоа, дава слобода на вероисповед. Декларацијата за независност вели дека правата ги обезбедува креаторот и го спомнува „Богот на природата“.

Сепак, членовите на „Разбуди се Америка“ се колнат дека ќе проповедаат гласање за побожни кандидати.

Демократите велат дека тоа е кршење на уставната поделба меѓу црквата и државата.

„Тие навистина треба да разговараат со нивните собранија за тоа што значи да се има слобода и правда за сите“.


Некои од собирот за демократија се согласуваат, а некои, пак, повикуваат на дебата за учењата на Исус.

„Што рече тој? Што направи тој? Затоа што овој вид на порака што сака да ги нападне имигрантите и да предизвика најголемо страдање на сиромашните и ранливите е буквално движење што е против Христос“.

Но, и дебатата за абортусот…

„Ајде сите да се согласиме дека не мора да се напушти својата вера или длабоко вкоренетата увереност, за да се согласите дека владата не треба да ви кажува што да правите“.

Истражувањето на Пју центарот покажа дека речиси половина од сите Американци мислат дека Библијата треба да има влијание врз законите на САД. Но, истата анкета покажа дека малкумина мислат дека христијанството треба да се именува како официјална религија на нацијата.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон