Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Стојков: Бугарите со години и мачкаат очи на Европа и менуваат закони, а всушност не преземаат ништо

За Македонците во Бугарија очекуван е извештајот на Советот на Европа според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Македонците во Бугарија очекуван е извештајот на Советот на Европа според кој нема напредок во спроведувањето на препораките и Бугарија останува тврдокорна не дозволувајќи регистрација на македонски друштва и промоција на македонската култура и јазик. И покрај тоа што на секои три до четири месеци Советот на Европа предупредува на лошото однесување на Бугарија кон тамошните Македонци, се уште бугарските политичари и институции се тврдокорни по ова прашање и не попуштаат под европскиот притисок.

Иако по шести пат Советот на Европа апелира до бугарските власти, а тие не реагираат, сепак претседателот на ОМО Илинден, Стојко Стојков е оптимист. Тој верува дека во врвот на бугарската власт се калкулира, па Бугарија кога тогаш ќе мора да дозволи регистрација на друштва. Пред да влезе во ЕУ, бугарската полиција ги гонела Македонците и не им дозволувала јавни и масивни собири, но со влезот во ЕУ морале да се запрат.

На бугарските политичари не им е битен имиџот во Европа туку најважно им е како да не регистрираат македонски здруженија, па со години и мачкаат очи на Европа дека прават нешто со менување на закони, коментира Стојков.

Реклама

Бугарија не го признава македонското малцинство ниту ги имплементира пресудите од Стразбур што се донесени во корист на македонските друштва. Многупати досега ова однесување е нотирано во извештаите на Советот на Европа. Оттаму посочуваат декаЕвропскиот суд за човекови права пресудил во 12 случаи против Бугарија дека судовите неоправдано одбиваат регистрација на македонски друштва.

Судот исто така утврдил дека фактот што неколку од здруженијата биле означени како политички, не е доволна основа за одбивање на нивната регистрација.

Шест од овие пресуди, се под засилен надзор од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа за нивно извршување, повеќе од 17 години.