Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.

„По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година“, рече министерката за финансии.

Реклама

Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.

Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.

„На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите“, изјави таа.

Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт – импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

Линк до видео изјава:

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=315&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F1042363487427860%2F&show_text=false&width=560&t=0