Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски: Направивме многу отстапки, каква врска има промена на име, знаме, Устав со Копенхашки критериуми?!

26 земји членки на ЕУ го поддржуваат патот на Македонија – проблем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

26 земји членки на ЕУ го поддржуваат патот на Македонија – проблем имаме само со Бугарија. Премиерот Мицкоски вели дека земјава направи премногу отстапки последните децении – бевме понижени многу пати, правевме компромиси за името, знамето, сега повторно сме негирани. И не може никој да каже дека ова се европски вредности и дека нема двојни стандарди за македонскиот евроинтегративен процес. И после сите години попуштање, прифаќање секакви ултиматуми и уцени, сега на сцена стапува понудата за вистински конструктивен компромис, решение кое ќе биде прифатливо за сите. Мицкоски е дециден дека владата не нуди ништо што е надвор од здравиот разум, туку само преговорите да се водат на принципиелен начин, а нашето членство во ЕУ да зависи од Копенхашките критериуми наместо од билатералните договори.

Не смееме повеќе да бидеме наивни. Премногу отстапки направивме овие децении наназад како никој што не направил и ако навистина има желба, тогаш има начин како сето ова да се заврши. Ние не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме. Апсолутно е подобро да преговараме со Бугарија, немам дилема. Но, најдобро е да преговараме, а ништо ова кое што претходно го направивме како идентитетска отстапка да не го направевме. Најдобро е така и тогаш ќе беше сѐ нормално и за нас да зависеше само Копенхашките критериуми и исполнувањето на условите кои се содржани во кластерите. Најдобро ќе беше така, изјави премиерот.

Според Мицкоски единствена прифатлива варијанта сега е уставни измени со одложено дејство. Премиерот ја постави и дилемата, зошто во случајот со Бугарија, да не важат истите правила како со Преспанскиот договор, во кој имаше силна гаранција дека Грција нема да го попречува приемот на Македонија во НАТО.

Реклама

Преспанскиот договор и уставните амандмани за промена на името беа условени со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Во Преспанскиот договор јасно стои дека откако Македонија ќе ги заврши сите нејзини внатрешни правни постапки, постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Инаку, по барањето на опозицијата за затворена седница за прашањето со Бугарија и Европската Унија, Мицкоски рече дека кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ги информира, а кога ќе дојде време, ќе бидат вклучени во евроинтегративниот процес.