Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Муртезани: Подготвуваме предлог за надминување на спорот со Софија, што ќе биде доставен по изборите во Бугарија

Владата подготвува конкретен план за решавање на бугарското прашање, ама нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата подготвува конкретен план за решавање на бугарското прашање, ама нема да го обелодени веднаш. Ќе чекаат стабилна политичка влада во Бугарија и тогаш ќе го достават до Софија. За предлогот, кој се базира на уставни измени со одложено дејство, во тек се интерни разговори во владата. Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани вели дека власта интензивно работи на откочување на евроинтегративниот процес.

И да имаме финален предлог, нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени избори во соседна Бугарија. Треба да видиме дали ќе биде прифатен од другата страна. Затоа се работи интензивно на наоѓање решенија и мислам дека овој е правилниот пристап за понатаму, додаде Муртезани.

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, според Муртезани, во Брисел не се гледа со голем оптимизам тој предлог, меѓутоа не се отфрла целосно, што значи дека има шанси преку институционални канали и разговори со претставници на институциите на Европската Унија, да се излобира за некое прифатливо решение.

Реклама

Во Брисел не се гледа со голем оптимизам тој предлог, меѓутоа не се отфрла целосно. Ние треба да настојуваме во изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатливо и за нашите стратешки партнери. Ова не зависи многу од нив, туку од нашата волја и ангажман, вели министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани околу барањето на Владата за уставни измени со одложено дејство.

Доколку не се случат уставните измени до декември и продолжување на европскиот пат, министерот вели дека како коалиција ВЛЕН дале рок од шест месеци, во кој што Владата мора да понуди решение за надминување на кризата.