Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците

Додека во неговото Зајас, куќите зјаат празни, Али Ахмети се надмудрува и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека во неговото Зајас, куќите зјаат празни, Али Ахмети се надмудрува и влегува во конфликти. Премиерот му понуди помош на лидерот на интегративците, да ги исчисти криминалците и да ја реформира партијата. Само така, според Мицкоски, може сите, обединето, да го подобрат животот во Македонија – како заедничка татковина од која илјадници луѓе се иселија поради лошите политики.

За разлика од реториката на опозицискиот Европски фронт, кој ќе му ги покажуваше местото и црвените линии на Мицкоски, претседателот на Владата со подадена рака – порача дека е потребно и власта и опозицијата да соработуваат, за доброто на сите грашани, без разлика на нивната политичка, верска и етничка припадност.

ТОНСКО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – претседател на Влада

Реклама

Ќе се обратам и до Али Ахмети ама не на начинот на кој тој ми се обрати. Реформирај ја партијата, исчисти ги криминалците, ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци се иселуваат. Куќите во твојот Зајас, зјаат празни. За 20 години повеќе од 100 илјади Албаннци се иселија. Чија е таа одговорност? Немам намера да кревам тензии, имам попаметна работа. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти, но немам време за тоа. Знам дека сакаш за дневно политички поени да се надмудруваш, но дај надмини го тоа. Не е во ред кога сте опозиција да зборувате за меѓуетнички тензии. Да се обединиме, преку дебата за проекти и идеи. Надминете ги суетите. Поддржете ги мерките за младите, после предложете и ваши мерки, рече Мицкоски.

Власта има план да ја вклучи опозицијата во сите процеси, вклучувајќи го и патот на Македонија кон Европската Унија. Стравувањата дека ќе бидеме заробена држава, според Мицкоски им одат во прилог само на скептиците кои се борат за дневно политички поени. Тој најави дека преку разни институционални канали ќе работи со Европската Унија и ќе бара прифатливо решение, и покрај тоа што во многу ситуации, ЕУ била неправедна кон нас.

Ние веруваме во ЕУ, членството во ЕУ е стратешки рпиоритет, тоа е кохезивен фактор. Пркеу разни институционални канали ќе работам со ЕУ и ЕК и ќе бараме решение за нашиот пат, диктати нема да прифаќам, само решение кое ќе биде прифатливо. За ова потребна е верба и од ЕУ, како што е нашата верба Македонија премногу даде, и е жртва на билатерални прашања и барања. Ние планираме да ја вклучиме и опозицијата кога ЌЕ Дојде време. Нема да ветуваме работи кои не се остварливи, ама нема да ја исклучиме опозицијата. Следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани и ќе ја реафирмирам мојата заложба за изнаоѓање решение, рече Мицкоски.

Одвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ не треба да биде разочарување. Преиерот е уверен дека земјава може да напредува, ако политичките актери се обединат, работат напорно и посветено на реформите, а во исто време и бараат прифатливо решение за сите отворени билатерални прашања.