Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Свет

Трамп и Харис согласни дека најголем американски конкурент е Кина

Двајцата претседателски кандидати имаат различни видувања за неколку теми, но Камала Харис и Доналд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајцата претседателски кандидати имаат различни видувања за неколку теми, но Камала Харис и Доналд Трамп и двајцата се согласни за едно прашање: заканата од Кина.

Роберт О’Брајан служеше како советник за национална безбедност за време на администрацијата на Трамп.

„Мислам дека заканата со која се соочуваме од Кина е многу посериозна отколку таа со Советскиот Сојуз во Студената војна“, вели ОБрајан.

Реклама

О’Брајан вели дека САД треба да се справат со Кина преку демонстрација на сила.

„Тоа не е само воена сила. Тоа е економска сила. Тоа е дипломатска сила. Тоа е мека моќ и културна сила. Тоа е она што ги плаши нашите противници“, додава тој.

Што се однесува до економијата, и администрациите на Трамп и Бајден користеа царини за да се спротивстават на она што тие го опишуваат како Кина продава евтини производи во странство, што ја прави конкуренцијата тешка за американските бизниси.

„Кина ќе го преземе целиот ваш бизнис поради електричните автомобили и поради евтините материјали. Ние не“, рече Трамп.

Трамп предлага царини до 60 отсто за кинескиот увоз. Харис, исто така, ја признава американско-кинеската конкуренција.

„Ќе се погрижам да го водиме светот во иднината на вселената и вештачката интелигенција. Америка, а не Кина, ќе победи на натпреварот“, рече Харис.

„Таа поддржа некои од ограничувањата во трговијата што ги поддржа и администрацијата на Бајден. Но, таа сигурно не е таква личност“, вели Џереми Сури од Универзитот во Тексас.

Аналитичарите велат дека Трамп е повеќе посветен на тоа.

„Веројатно мојот прв повик, ќе го повикам претседателот Шји Џјинпинг и ќе му кажам: „Морате да го почитувате договорот што го направивте. Склучивме договор за да купите американски земјоделски производи во вредност од 50 милијарди долари“, и ви гарантирам, тој ќе го направи тоа, вели Трамп.

Во областа на надворешната политика, О’Брајан вели дека е важно да се градат сојузи со истомисленици.

„Имаше време кога Америка можеше сама да го преземе товарот. Не можеме повеќе сами“, вели ОБрајан.

Еден експерт вели дека Трамп се одвоил од традиционалната републиканска надворешна политика за воспоставување силни сојузи.

„Трамп едноставно не е заинтѕересиран за сојузништва туку повеќе за самите нас“, вели Ричард Мареј, од Универзитетот во Хјустон.

Со зголемената изборна реторика поради кинеската конкуренција и безбедносните закани, некои Американци стравуваат дека вистинските губитници може да бидат Азиските Американци и Кинезите кои живеат во САД, вели Стивен Пеи, кој емигрирал во САД од Тајван и работи како универзитетски професор.

„Тие сметаат дека САД се соочуваат со закана, закана на цело општество од Кина. Тогаш е потребен одговор на целото општество за да се справи со оваа закана: од фабриките, студентите, истражувачите од Кина. Ќе бидам етикетиран затоа што луѓето не можат да кажат, дали сум од Тајван или од Кина или пак, од Кореја?“, вели емигрантот од Тајван, Стивен Пеи.

Со реториката на Трамп, некои Азиски Американци се загрижени за зголеменото антикинеско расположение доколку тој биде избран, но азиско-американските републиканци велат дека се надеваат дека Трамп, бидејќи е бизнисмен, може да направи договор со Кина од кој ќе имаат корист сите во Америка.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон