Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Македонија

Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата

Владата е силно посветена на македонската војска и нејзино трансформирање во модерна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е силно посветена на македонската војска и нејзино трансформирање во модерна и динамична армија која ќе одговара на НАТО стандардите. Премиерот Христијан Мицкоски дециден во поддршката за војниците и старешините – во соработка со стратешкиот партнер САД и сите земји членки на најсилниот воено политички сојуз се овозможуваат подобри услови за вооружените сили и Генералштабот.

Македонските војници ја имаат мојата поддршка. Владата во соработка со САД, со сите земји членки на најсилната алијанса да овозможиме што подобри услови за војниците и старешините да бидат армија која ќе биде способна да одговори на сите предизвици. Да ја заштитиме државата, заедно во соработка со нашите стратешки партнери. Армијата ќе се подобрува, секогаш ќе биде уште подобро. Ќе ги градиме капацитетите, она што го очекуваат граѓаните и потребите што ги наметнува членството во НАТО. Ќе продолжиме да ве поддржуваме и ни претстојат многу убави денови. Бидете уверени дека поддршката за армијата ќе продолжи во годините што следат, да бидеме модерна и динамична армија која ќе одговара на НАТО стандардите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Власта ќе продолжи да инвестира во одбранбени капацитети и во човечки ресурси – тоа ќе значи силна армија која ќе придонесе за мир и стабилност, во Македонија, регионот и целиот свет, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски од воениот полигон Криволак.

Реклама

За време на вежбата можевме да ја видиме новата опрема. Фрлач на гранати и има огромна моќ при сите услови. Овие модерни системи ќе бидат инсталирани на повеќе возила, во делот на оклопните транспортери. Покрај овие системи ќе има и друга модерна опрема која дополнително ќе биде инсталирана. Како членка на НАТО треба да инвестираме во нова опрема. Ќе продолжиме да инвестираме во одбранбени капацитети во човечки ресурси што ќе значи силна армија. Треба да придонесеме за мир и стабилност преку нашето учество во мировните операции. Имаше пустош во Министерството, но сега сите трошоци се исплатени, има плата за сите вработени согласно колективниот договор, и благодарност до владата и до Министерство за финансии. Продожуваме со многу проекти, посветено да работиме. Ова партнерство ќе трае многу долго, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Амбасадорката на САД Агелер ја потврди силната поддршка на стратешкиот партнер и НАТО Алијансата.

Полигонот Криволак е прекрасен и одличен објект што го има вашата земја и е од голема корист за НАТО. И од тесната врска што ја имаме со вашата армија и граѓаните, дополнително му дава значење на ова место. Полигонот за обука е многу добар објект, често се користи и од трупите на САД и други сојузнички земји на НАТО бидејќи има уникатни услови за вакви обуки. Ја цениме поддршката од армијата, Министерството за одбрана и Владата. Се заблагодарувам и на началникот на Генералштабот, тој е голем пријател на НАТО и САД. Нашата соработка е многу корисна за нас и за Алијансата вие сте ценет сојузник благодарност за поддршката, рече амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

На Криволак припадниците на Армијата од лесната пешадиска борбена група реализираа вежба со боеви гаѓања – демонстрација на капацитетите и способностите.