Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Му виси ли градоначалничката функција на Рамиз Мерко по серијата кривични пријави и обвиненија против него?

Му виси ли градоначалничката функција на Рамиз Мерко по серијата скандали,кривични пријави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Му виси ли градоначалничката функција на Рамиз Мерко по серијата скандали,кривични пријави и обвиненија кои се редат против него? Во моментов актуелни се 8 обвиненија и тоа за незаконско поставување на директори во основни училишта,за  набавка на луксузното возило ауди А6 купено за сума од 67.000 евра.Тој е трето обвинет и во случајот со бесправно градење на објект во еден струшки хотел.

Градоначалничката функција е дефиниран во Член 54 од законот за локална самоуправа во кој стои дека мандатот на градоначаникот му престанува по сила на закон меѓудрогото и ако е осуден со прасилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над 6 месеци.

 “Во законот постои одредба каде што станува збор за губење на фунција доколку стори одредено кривично дело тоа е нешто кое што утре, задутре треба да се анализра и да се види, меѓутоа она што е моралната страна на овој проблем и кој што граѓаните го очекуваа не само за овој градоначалник воопшто земено за сите кои се на црната листа, мислам дека не проигра некоја улога”-вели Маргарина Цаца Николоска,поранешен судија.

Реклама

Во обинителството прашавме дали се води постапка за поставувањето на спомен обележјето кое надвор од сите законски процедури беше поставено на ѕидот од општинската зграда,а со кое се величаше фашизмот.Не интересираше дали е оформен предмет и за инцидентот во основното училиште “Браќа Миладиновци ” каде за време на свеченоста по повод патронатот се случи инцидент,кога екс директорката Албана Жута забрани интонирањето на македонската химна?  Од таму ни одговорија дека за евентуално поднесени кривични пријави обвинителството не можело да споделува детали. По бројните обвиненија,се обративме и во министерството за образование, дали ресорната министерка размислува за евентуално одземање на неговите ингеренциите во образованието?

МОН:”  Министерството за обрзование ќе постапи соодветно откако ќе ги добие записниците од Државниот просветен инспекторат за спроведените надзори во училиштата во Струга”

Државниот просветен инспекторат изминативе денови вршел инспекциски надзор во училиштата во Струга и струшко.

Росица Голабоска