Реклама

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Македонија

Перински: За 100 дена над милијарда денари инвестирани во речиси 200 инфраструктурни проекти

Над милијарда денари инвестиции во македонските општини за 100 дена Влада. Повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над милијарда денари инвестиции во македонските општини за 100 дена Влада. Повеќе пари за  реконструкција и изградба на патишта, објекти, обновување на туристичко – излетнички места за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Министерот за локална самоуправа, Перински најави дека во следните денови ќе бидат објавени проектите од општините кои ќе бидат финансирани од државната каса до крајот на оваа година.

  • „Се очекува ресорните министерства да ги достават подготвените извештаи со предлог проекти за финансирање до Владата и истите да бидат предмет на разгледување на некоја од следните владини седници на која ќе се донесе одлука кои проекти ќе се финансираат со предвидените 100 милиони евра од државниот буџет наменети за оваа година“ рече Перински.

Во својот отчет, Перински рече дека се импламентираат и 10 проекти со помош на Швајцари во сите осум плански региони, меѓу кои опремувањето на болницата  „Св. Еразмо“ во Охрид, реконструкција на охридската болница за срцеви заболувања и „Нефрологија“ во Струга, изградба на Регионален центар за бездомни миленици за 9 општини од Вардарскиот регион, зголемување на капацитетите во Домот за стари лица во Берово како и опрема за пожари во Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.

  • „Со поддршка на УНДП, во периодот што следува ќе се формира група од домашни и од меѓународни експерти која ќе ги истражи најдобрите практики кои треба да овозможат уште поголема функционалност на општините, во интерес на испорачување на поквалитетни услуги на граѓаните. Правиме маскимални напори да целата оваа процедура се заврши до локалните избори, за да може новите општински власти да работат согласно измените и дополнувањата на овој важен фундаментален акт“, најави Перински

Преку Бирото за рамномерен регионален развој, оваа година ќе се реализираат 129 проекти во области како енергетска ефикасност, инфраструктура, заштита на животната средина и развој на туризмот.Дополнително преку Програмата за рамномерен регионален развој, активно се спроведуваат и 12 дополнителни проекти кои се од интерес на граѓаните. Според Перински Македонија ќе ја зајакне и регионалната соработка за развој на пограничните региони.