Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

В.Д директорка вршела мобинг врз вработените- Продолжи судењето против Мерко за незаконско поставување директори

Егзона Шеи која едно по друго во два мандати ја извршувала функцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Егзона Шеи која едно по друго во два мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во
основното училиште во Велешта иако не ги исполнувала условите како во поглед на
потребното работно искуство така и во поглед на нејзиното образование, за време на
директорувањето вршела и мобинг. Секретарката Кумриша Хани на рочиштето од
судскиот процес, сведочеше за притисоците кои ги трпела. Тврдеше дека била принудена
да стави попис на лажна потврда која се однесувала на работниот стаж на
в.д.директорката.

Овој случај не го пријавив во полиција, но претходно во два наврати ја пријавував директорката
Шеи и во полиција и во трудовиот инспекторат.Не ме оставаше да работам, не
ми дозволуваше да распишам јавен оглас за вработување, ми го земаше и
проверуваше мобилниот телефон.Освен јас и моите деца имаат притисок”
Иако немала завршено високо образование,била примена на работа и со средно
образование држела настава по франциски јазик. Секретарката кажа дека поради
недостаток на кадар, во училиштето имало и други вработени на одговорни позици со
средно образование
, вели Кумриша Хани секретар во ОУ” Зини Хани” –Велешта


Државниот просветен инспектор Виолета Џутеска сведочеше дека при вонредниот
инспекциски надзор извршен на 25.05.2022-ра по претставка од 13
наставници,констатирала дека тогаш актуелната директорка Егзона Шеи не ги
исполнувала условите за наставник, а камоли за директор. Јавното обвинитество ја
сомничи дека приложила 3 фалсификувани исправи кои ги користела за полагање
стручен испит во државниот испитен центар. За директорувањето со училиштето во
Велешта покрај Егона Шеи на обвинителна клупа седи Рамиз Мерко и уште други двајца
вработени во училиштето кои несовесно работеле и правеле и фалсификати. Според
обвинението,Рамиз Мерко незаконски поставил в.д. директори на четири основни
училиштата меѓудругите во Подгорци и во Лабуништа .

Реклама


Обвинителниот предлог против градоначалникот на општина Струга е поднесен
поради именување на в.д. директор во основното училиште “Мурат Лабуништи”
во Лабуништа на лицето Јасмина Мустафоска која што не ги исполнила
условите предвидени до закон. Таа е именувана без искуство од 5 години и
воедно не била претходно вработена од редот на врабтените во школото.Таа е
бидена на замена за 3 месеци во 21-та година вработена како педагог,но во тој
период таа сеуште немаше диплома”-вели Валнеса Бизати Билали-обвинител:”


На следното рочиште во својство на сведок ќе се појави и екс министерот на образование
Јетон Шакири.

Новинар Росица Голабоска