Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Свет

Руте го презема НАТО, ги наследува војните во Украина, Либан и Газа

Марк Руте застанува на чело на НАТО во критичен период за Алијансата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марк Руте застанува на чело на НАТО во критичен период за Алијансата кога се разгоруваат конфликтите во Украина, Либан и Газа

Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја презема функцијата генерален секретар на НАТО од поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг кој на оваа функција беше десет години. На седницата на Североатланскиот совет присуствуваа 32 амбасадори на земји-членки на НАТО. По преземање на функцијата Руте истакна дека за него претставува голема чест нагласувајќи дека приоритети на алијансата ќе остане да се обезбеди одбрана на земјите членки.

,,Една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина,, потенцира Руте

Реклама

Во однос на очекувањата од претседателските избори во САД во Ноември, Руте истакна дека добро ги познава и двајцата кандидати и очекува добра соработка со било кој кандидат кој ќе ги добие изборите.

 ,,Соработував со Доналд Трамп четири години. Тој не притискаше да вложуваме повеќе во одбрана но и да внимаваме на Кина и мислам дека беше во право,, кажа Руте.

Обраќање имаше и Јанс Столтенберг кој истакна дека 14 годишниот мандат на Руте како премиер на Холандија бил главна препорака за негово назначување.

,, Со него на чело, НАТО е во добри раце,, –НАТО се промени и Руте како премиер беше дел од тие промени, кажа Столтенберг.

Реакција стигна и од Кремељ од каде изјавија дека Руте како премиер на Холандија имал непомирлив однос кон Русија.

За тамошните медиуми портпаролот на Кремељ Дмитри Песков  изјави дека им бил добро познат на Руските власти.

,,Господинот Руте ни е добро познат, тој и претседателот Путин поминаа повеќе од еден час на преговарачката маса, изјави денеска Песков. Потоа, знаеме дека Холандија зазеде прилично непомирлив став, став кој целосно исклучува какви било контакти со нашата земја, затоа не мислиме дека ќе се случи нешто значајно ново во политиката на Алијансата, заврши Песков.

За аналитичарите новата функција на Руте ќе му донесе повеќе главоболки бидејќи алијансата се соочува со сериозни конфликти на повеќе фронта во светот, меѓу кои и тој на Украина со Русија.

Даниел Ѓорѓевски