Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори, 29% не знаат кој е претседател на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори, 29 осто од граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори, 29 осто од граѓаните незнаат кој е лидер на СДСМ. Ова се резултатите од истражувањето за порталот МКД.мк што го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Најголемите проблеми што ги мачат граѓаните во државава се криминалот и корупцијата, додека втор најважен проблем се инфлацијата, растoт на цените и трошоците за живот.

Дел од испитаниците одговориле дека проблеми во државава се и невработеноста, ниските пензии и плати, проблемите во здравството, емиграцијата и образованието.

Реклама

Споредено со истражувањето од март 2024, перцепцијата на јавноста за корупцијата и криминалот како најважен проблем во земјата се намалува, додека во фокус останува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот.

Во однос на прашањето за распуштање на Судскиот совет и за подобрувањето на правосудниот систем, позитивно одговориле 43,2 отсто од граѓаните, а за 33,4 отсто од испитаниците тоа е негативна мерка.

Најголем дел од граѓаните знаат кој е новиот лидер на СДСМ, додека 28,8% се изјасниле дека не знаат. Процентот на оние што не знаат е поголем кај испитаниците од албанска националност.

Во однос на тоа за која партија граѓаните  би гласале на парламентарни избори, доколку би се одржале утре, најголем дел одгвориле дека ќе гласаат за  ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Вреди исто така е во пораст споредено со парламентарните избори, ДУИ стагнира, а СДСМ е со голем пад.

Анкетирањето е спроведено од 16 до 25 септември со телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници.