Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Експерти: Одлуката на ЕУ е демотивирачка, но Македонија не смее да се откаже од европеизација

Раздвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ е фрустрирачки,но ова не треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раздвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ е фрустрирачки,но ова не треба да го подигне евроскептицизмот во Македонија, е ставот на експертите. Иако случувањата во Бугарија не се ветувачки дека наскоро може работите да се поместат од мртва точка во насока на изнаоѓање прифатливо решение за двете страни, сепак познавачите велат дека власта мора да работи на тоа паралелно дa фати чекор со европското законодавство.

Стоиме помеѓу две крајности: Едната е нашата внатрешна состојба, се чувствуваме навредени и повредени, поради ситуацијата со Бугарија и ветото кое е многу покомплицирано од она од Грција. Јасно е дека не сакаме да попуштиме во спорот, но факт е дека тоа е патот кој е зацртан и нема да се менува. Се наоѓаме во една ситуација кога не сакаме но нешто треба да направиме. Или да се фатиме во костец и полека ги смириме тоновите со Бугарија, што Бугарија едвај чекаше да ескалираат работите, и да пробаме да најдеме некое решение. Треба да има некакво примирје, латенција, привремено да ја прекинеме комуникацијата, да се средат двете страни. Го разбирам стравот на сите партии, не е проблемот во бугарското малцинство, проблемот е што ако настанат други работи. Ако вие попуштате цело време, вашиот полиитчки рејтинг ќе биде загрозен. Тоа и се случи на претходната власт, вели универзитњтскиот професор Ненад Марковиќ.

За аналитичарката Крстиновска раздвојувањето било очекувано и порачува дека ние сега треба да работиме во подобрување на животот и законодавството дома и да ги претркаме оние кои веќе ги почнале преговорите.

Реклама

Раздвојувањето беше извесно. Искрено не мислам дека тоа да го сфатиме како крај на свеотт и да дозволиме да влијае во подигнувањето на евроскептицизмот. Има држави кои пред 10 години ги почнале преговорите а не се ни блиску да станат членки. Ако постои добра волја да се надминат отворените прашања со Бугарија, да се најде некакво решение. Во истовреме и да се насочиме кон подобрување и фаќање чекор со европското законодавство, да напредуваме па дури и повеќе од некои кои веќе почнале преговори, вели експертката за односите Кина – ЕУ – Западен Балкан Ана Крстиновска.

Никој не може да гарантира дека ова ќе биде последното барање од Бугарија – токму од тоа и стравува владата предводена од Мицкоски. Потврда за ова стигна и од меѓународните експерти.

Не е неочекувано што Македонија има уште некои работи на маса кои треба да ги заврши, на пример уставните амандмани. Тешко е да се прифати, но Албанија треба да се движи напред. Знам дека тоа звучи фрустрирачки но тоа е реалноста.  Не можеме да очекуваме дека ЕУ би дала некој документ за да ги спречи влијанијата од Бугарија. Во иднина може Македонија да преземе иницијативи за да се регулираат одредени аспекти во однос на јазикот или историјата, но не постои можност да се гарантира било што од ЕУ, вели директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Бидејќи е извесно оти никој не може да ни гарантира дека нема да има други барања од Бугарија, владата во повеќе наврати најави дека ќе се залага за уставни измени со одложено дејство.