Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Муцунски во Њујорк се сретна со неговите колеги од Литванија и Мароко, во фокусот билатерелната и економската соработка

За време на одржувањето на 79-тото Генералното собрание на Обединетите Нации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на одржувањето на 79-тото Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините од ГС, остварил одвоени средби со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита.

Фокусот на двете средби, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил ставен и на понатамошното продлабочување на билатерелната соработка, со посебен акцент на зајакнување на економските релации помеѓу двете земји.

На средбата со литванскиот колега било искажано заемно задоволство од развојот на билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период.
Од двете страни, како што е наведено во соопштението, била нагласена подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебното пријателство и партнерските односи, преку продолжување на интензивниот политички дијалог на сите нивоа.

Реклама

– Министерот Муцунски се заблагодари на континуираната и искрена поддршка на Литванија за евроинтегративните напори на Македонија, нагласувајќи дека земјава е целосно подготвена за започнување преговори за членство во ЕУ, при што тој ја поздрави одлуката за отворање на канцеларија на Литванија во Скопје, која е уште една силна потврда за блиските и пријателски билатерални односи и за заложбите за нивно натамошно унапредување, се наведува во соопштението.

Министерот Ландсбергис изразил уверување дека Литванија и во наредниот период ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашите евроинтеграции.

На средбата со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита, бил нагласен позитивниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во тој контекст биле разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји