Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Почна жетвата на ориз во кочанско: Трипуновски најави дека и државата ќе откупи дел од вишокот ориз

Државата преку Агенцијата за стокови резерви, ќе откупи дел од количините на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата преку Агенцијата за стокови резерви, ќе откупи дел од количините на оризовата арпа. На последната владина седница е донесено заклучок  Агенцијата, да ја отпочне постапката. Според Министерот за земјоделство, во  Македонија, нема увезен ориз од странство.

„На минатата седница на Влада донесовме заклучок и ја задолживме Агенцијата за стокови резерви да направи дополнителни измени на програмите и уредбите коишто ги има согласно законите, за да предвиди оризова арпа за стоковите резерви. Знаете Законот, е изменет и државата ќе може да откупи и  сега со оваа процедура практично ќе се изврши нивелација на пазарот, во моментот на производство на ориз за 2024„ изјави Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски

Во меѓувреме почната е жетвата на ориз во кочанско. И годинава понудената цена од страна на откупувачите, ги разочара земјоделците.  Во зависност од рандманот и сортата, килограм оризова арпа  ќе се откупува до 33 денари. Но од она што е посеано по кочанските ниви, оризопроизводителите за својот род ќе може да добијат масимум 30денари за килограм.  Дополнителен проблем е лошиот квалитет. Земјоделците бараат да се изготви и нова производна цена, која во моментот е 27денари.

Реклама

„Квалитетот за 2024 ќе биде еден од најлошите. Причина е касната сеидба во некој региони. Тие што посеаја до 15 април до 1мај, тие можеби ќе имат подобри резултати…меѓутоа приносите ќе бидат од 400 до 500кг. од единица декар. Но тоа не проблем, проблем е цената„ изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци.

„Се уште се водиме според онаа производна цена од пред две три години. Меѓутоа, од тогаш до денес имаме промени во производството, употреба хербициди и трошоците секако дека се зголемуваат„ изјави Стојче Ташовски од Националната мрежа на земјоделци.

Годинава под ориз во кочанско се посеани околу 4000хектари, а очекувањата се дека ќе бидат ожнеани околу 20.000 тони оризова арпа, односно 10.000 тони ориз.

Александра Ристевска