Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ДЗР утврди низа неправилности во финансиското работење на Универзитетската клиника за неврологија

Незапаметен хаос на Клиниката за неврологија.Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незапаметен хаос на Клиниката за неврологија.Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности во работењето на оваа установа за 2023 година. Не се регистрирале донациите на лекови за ретки болести, биле ангажирани медицински сестри, болничари и лица на шалтер на договор на дело.А најскандалозно е што во системот „Мој термин“ во 2023 година биле закажани и реализирани 2.732 термини, што е само 13 проценти од задолжителните прегледи кои Клиниката имала обврска да ги закаже.

„За потребите на клиниката од Министерството за здравство во текот на 2023 година доставени се лекови во износ од 215.149 илјади денари, а состојбата на неискористени лекови на крајот од годината изнесува 30.142 илјади денари. Со цел да има увид на расположливите количини на лекови со кои ЈЗИ располагаат и да се намали ризикот од дефиците на потребните лекови за ретки болести од 1 јуни 2023 година министерството има воспоставено модул и води електронски регистар за ретки болести во рамки на системот Мој термин. Приемот и издавањето на овие лекови не е евидентирано во сметководствената евиденција на клиниката односно воспоставена е пракса да се води во рачни т.е. помошни книги” се вели во извештајот во ДЗР.

Нотирано е дека биле ангажирани  здравствени работници со договор на дело, без согласност од Министерството за финансии, а била утврдена и несоодветна контрола на користење на услуги од Службата за заеднички работи.

Реклама

За првите седумм месеци договорите склучени преку јавната установа за заеднички работи, а клиниката нема доставено барње за добивање согласност од Министерството за финансии. За останатите пет месеци договорите на дело се склучени директно со клиниката за неврологија, за што е доставено барање, но не е обезбедена согласност. Наведената состојба не е во согласност со Законот за трансформација во редовен работен однос“, се наведува во извештајот на ДЗР.

Дополнително, во 2017 година на Клиниката е формирана комисија за третман со имуно-модулаторна терапија која не работела согласно официјално усвоени протоколи за лекување со овој вид терапија. Критериумите за лекување изготвени на клиниката биле генерални, непрецизни и со нивното применување има ризик за нецелосна транспарентност при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени на терапијата, предупредуваат ревизорите.

ДЗР потенцира дека не е обезбедена и транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки.