Реклама
Македонија

Димитриеска – Кочоска: Ќе има покачување на платите на наставниците

Зголемувањето на платите на просветниот кадар како и на здравствените работници е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемувањето на платите на просветниот кадар како и на здравствените работници е  приоритет на владата-првиот финансиер, министерката Гордана Димитриеска Кочоска вели дека во буџетот за догодина пари за повисоки плати ќе има.Колкаво ќе биде покачувањето ќе се знае по изготвување на годишниот план за финансирање и донесување на буџетот.

 Една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование на наставниците и мојата борба е исти така да обезбедиме сретства за зголемување на плати во здравството”-вели Гордана Димитриеска Кочоска-министер за финасии

Што се однесува на кредитот од Унгарија во висина од 500 милиони евра и обвинувањата на опозицијата дека тоа е ризичен потег, Кочовска вели тоа се истите пари кои претходната владата ги планираше во нивниот буџет.

Реклама

Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент, вештачки го надуваа буквално народски кажано бруто домашниот производ, односно стапката на раст.Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024-та.И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока дека ние го зголемуваме јавниот долг, ние ништо не менуваме.500 милиони евра тие имаа превидено еврообрзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија”-вели Кочоска

Од секој аспект овој кредит е поволен за нас како држава, јас ги добивам парите од унгарската банка под наши услови,а тие како се финасираат зошто мене би ми било важно, ние добиваме сретства од земја членка на ЕУ со поволна каматна стапка од 3,25 %-децидна е министерката.Таа се осврна и интернет игрите на среќа. Министерството за финасии согласно законот нема издадено нити лиценцирано ни една компанија во државата, вклучително и државна лотарија чија лиценца била во времетрање од 2015 до 2017-та година. До овој момент министерството  нема никакви внатрешни правилници врз основа на кои што може некој да биде лиценциран.

Росица Голабоска