Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Николоски: Корупмирани бугарски политичари од мене бараат оставка

Останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава, а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува„, вели вицепремиерот Александар Николоски во неговото обраќање по повод бурата реакции кои пристигнаа од софија во врска со неговото гостување на Алфа телевизија и ставот за инцидентот со претседателката. Според него, очигледно е дека бугарските политичари упорно се обдуваат македонија да стане тема на нивните предизборни кампањи, затоа што кризата кај нив, ја создале токму овие политичари кои што, наместо да зборуваат пред својата јавноста за високиот степен на корупција и криминал, за лошата економија, и слично, тие сакаат да се занимаваат со Македонија. „нивното занимавање со Македонија, всушност покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане член на Европската Унија, уште по малце да напредува кон Европската Унија„, вели Николоски и додава дека нема да дозволи било кој да бара изговори во неговите изјави или било што друго што се случува во Македонија. „самото тоа што се вадат изјави од контекст и што лошо се разбираат во Бугарија, покажува дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни. Затоа што, она што има еден контекст на македонски јазик, очигледно има друг контекст на бугарски јазик, вели вицепремиерот. Според него, добрите односи помеѓу двата блиски народи, македонскиот и бугарскиот народ, ги уништуваат токму корумпираните политичари кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза.