Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

По свинската чума, нова болест му се заканува на добитокот

По свинската чума, нова болест му се заканува на добитокот,регионот исправен пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По свинската чума, нова болест му се заканува на добитокот,регионот исправен пред нов здравствен предизвик кај животните-маларична болест која ги сотре овците и козите во повеќе европски земји,веќе е присутна во Грција,каде до сега се уништени приближно 17.000 грла овци. Таа не е опасна за луѓето но е погубна за домашните животни и за неа нема лек.Македонија вложува напори да се спречи појава на болеста и да се заштитат на 487.000 овци и кози во земјава.Агенцијата за храна и ветеринарство забрани увоз на животни и нивна преработка од земјите каде е присутна. Кај нас болеста за сега не е присутна,но постои опасност да се појави.

 Тоа ќе се одрази на стопанството и економски Македонија ќе изгуби многу.Во случајот сега ние правиме напори имаме случено договор и меморандум со министерството за одбрана, за локална самоуправа доколку се појави да излезат во пресрет градоначалниците ,а со МВР се одговоривме на состанокот со Тошковски да имаме поголема контола на илегалниот увоз на животни Оливер Миланов-директор на Агенција за храна и ветеринарство

Овие се многу сериозни болести,главен начин за контрола на болеста е со имплементирање на строги мерки кои вклучуваат убивање на сите животни во заразените стада,нема други мерки.Односно постои вакцинација но доколу се примени вакцинација тоа ќе има последици во однос на извозот на производи од од земјата,извоз на јагнешко месо кое е многу битно за македонското сточарство-вели Тони Киранџиски,тим лидер

Реклама

Што се однесува на состојбата со болеста африкнаска чума кја свињите која не само кај нас туку и во Европа и светот нанесе гомели штети на свињарството и го дестабилизира пазарите на свинско месо.Кај нас е присутна од 2022-ра и за сега е во стабилна состојбата.Последен случај беше регистиран во пехчевско и до сега се угинати околу 10.000 свињи.

“Претставува една од болестите кои што се нотирани како економски со најголеми загуби воошто во историјата.За сега за среќа немаме нова појава на жариште на свинска чума кај фармите,тоа е најбитно во однос на одржување на производството и задоволување на пазарот со свинско месо.Ние секако како земја не сме извозници и во тој ден не не афектира моментално,меѓутоа болеста е присутна кај дивите свињи и тоа е голем проблем кој многу тешко ќе се реши –вели проф.Игор Џаџовски

Годинава евидентирани се три жаришта на свинската чума кај 2 некомерцијални одгледувалишта,а што се однесува на дивата популација до сега болеста се проширила на вкупно 72 ловишта.

Новинар Росица Голабоска

https://www.youtube.com/watch?v=fFJqSUU–KY