Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Јаневска: Со нов закон ќе се зајакнат критериумите за напредување во наставно–научните звања на универзитетите

Условите за напредување во наставно – научни звања на македонските универзитети ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Условите за напредување во наставно – научни звања на македонските универзитети ќе се зајакнат со новиот Закон со високо образование кој е во фаза на изработка, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата Анализа на ТВ 24.

Таа посочи дека од наставниот кадар повторно ќе се бара да објавува трудови во списанија со импакт-фактор, а тоа пак, вели Јаневска, е еден од критериумите кои се вреднуваат при рангирањето на универзитетите на Шангајската листа.

– Откако по шарената револуција се промени Владата, беше донесен закон кој драстично ги намали критериумите за напредување во наставно–научните звања и веднаш се почувствува и намалување на интензитетот на научно–истражувачката работа. Се намали бројот на трудови кои се објавуваа во списанија со импакт-фактор и меѓу другото, и тоа придонесе за пад на УКИМ и другите универзитети на Шангајската ранг-листа, рече Јаневска, посочувајќи дека е во честа комуникација и има поддршка од универзитетските раководства да се зајакнат критериумите за напредување во звања.

Реклама

Таа информираше дека средствата за образование и наука етапно ќе се зголемуваат, а тоа ќе значи и поголема поддршка за организирање и учество на меѓународни научни конференции, за изработка на научни проекти и друго.

Министерката упати апел до универзитетите да бидат проактивни во наоѓањето на партнерски образовни установи за изработка на проекти и искористување на бенефитите кои ги нуди мрежата на европски универзитети.