Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Писмо на Палчо: Нема никакви докази дека сум бил на местото на настанот или дека сум бил во возилото рено „кангу“

Обвинителите наводно не докажале обвинетиот убиец на малата Вања бил во автомобилот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителите наводно не докажале обвинетиот убиец на малата Вања бил во автомобилот Рено Кангу, возилото во кое според истрагата седел првообвинетиот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо. Ова го тврди тој самиот во писмо од Шутка, кое се споделува по социјалните мрежи а го пренесува и партијата Десна на својата ФБ страница. Обвинетиот за двојното убиство се правда и тврди дека речиси една година траела, како што пишува – „голема лага за еден голем злостор“. Палевски прстот го вперува во екс министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски за кои тврди дека кажувале лаги, а медиумите ги пренесувале.

  • „Послушниците на Гаврил Бубевски НЕ го докажале присуството на осомниченото возило на местото на настанот, НЕ докажале МОЕ присуство на местото на настан, НЕ докажале присуство на ПАЛЧО во Рено Кангу кое е осомничено возило и многу, многу интересни докази, но и искази во ОЈО, како осомничено лице 24 часа Е ТЕПАНО, со експлицитна наредба да каже дека Палчо ја убил Вања. ДА, ДА, искази во ОЈО запишани, со прецизен опис на ќотекот! Во име на ЗЛОСТОР секој ден правите уште поголемо ЗЛОСТОРСТВО затоа што ја убивате правдата, вистината, снимени се инспекторите како со главата на обвинет направиле дупка во ѕидот на полициската станица, бруко новинарска“, пишува во писмото објавено на социјалните мрежи а потпишан е Палевски како автор.

Палевски и пред судот тврдеше дека е невин а тоа и ќе го докажува во судската постапка која треба да почне во петок. Со кои докази ќе го стори тоа не кажа кога го прашуваа новинарите пред скопскиот Кривичен суд. До тогаш ќе објавува писма – 4 продолженија преку порталот „Буревесник“, а ги пренесува и неговата партија Десна. Тој ќе седне на обвинителна клупа како главен креатор и реализатор на двојното убиството – на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес. Заедно со него обвинети се и тројцата негови соизвршители во убиствата Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски како и такото на Вања – Александар Ѓорчевски кој е обвинет дека давал информации за траекторијата на движење на неговата ќерка.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени на почетокот на декември минатата година, а неколку дена подоцна како првоосомничен Палевски беше уапсен во турскиот град Беликесир. Во мај годинава заврши во Шутка откако Турција го испорача до македонските органи.