Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во посета на Македонија до крајот на септември

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета на Македонија до крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета на Македонија до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Засега, според Муцунски, не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември.

Запрашан за коментар на наводите дека Унгарија делува како параван на Кина во заемот од 500 милион евра за земјава, Муцунски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека не видел кредибилни докази за ваквото тврдење и дека заемот е од земја членка на Европската Унија, која во моментов претседава со ЕУ.

„Унгарија е земја чиј премиер редовно одржува билатерални средби со највисоките претставници на дел од земјите кои ги набројавте. Дури од нив е примен во нивните главни градови, со кои врши трговија, со кои има одлична дипломатска и економска соработка, така што ако сакаме да го гледаме низ призмата на одредени предизвици кои ги има, секогаш ќе има. Една земја членка нема да се согласува со друга, втора нема да се согласува со трета. Но, што би значело тоа, ако на Чешка или Словачка утре им се отвори некаков спор, ние треба да бираме со кој да соработуваме. Ние ќе соработуваме и со Германија и со Унгарија и Австрија и Франција“, вели Муцунски.