Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Македонија

Бугарскиот амбасадор на разговор во МНР: Побаравме објаснување од бугарската страна за фотографирањето

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радуков , каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, информираа од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор било потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера.

-Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, велат од МНР.

Реклама

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што била потврдена подготвеност и од другата страна.