Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година и нивните ментори.

Учениците се дел од Сојузот на математичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонското географско друштво, Здружението на информатичарите на Македонија, Друштвотото на физичари на Македонија, Македонското биолошко друштво, како и ученици, таленти кои индивидуално учествувале на меѓународни натпревари и постигнале успех.ж

На приемот, на кој присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за постигнатите резултати, и посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено образовната политика, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.

Реклама

„Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Учесниците на приемот беа дел од 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија, Олимпијада по математика „Коперникус“ на Универзитетот Колумбија во Њујорк, 35. Меѓународна олимпијада по биологија во Астана, Казахстан, 8. Европска олимпијада по физика во Кутаиси, Грузија, 54. Меѓународна олимпијада по физика во Исфахан, Иран, 56. Меѓународна олимпијада по хемија во Ријад, Саудиска Арабија, 7. Меѓународна економска олимпијада, во Хонг Конг, Меѓународната олимпијада по германски јазик, Меѓународна олимпијада по англиски јазик, Европската олимпијада по информатика за девојки во Велдховен, Холандија, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија, Светскиот натпревар „Мајкрософт Офис Специјалист 2024“ во Лос Анџелес, САД и други врвни натпревари.