Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Аларм за матни зделки во Oпштина Струга -Подготвува ли Mерко милионски бизнис со странска фирма за улично осветлување?

Струшката локална власт на чело со Рамиз Мерко се обидува нелегално и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшката локална власт на чело со Рамиз Мерко се обидува нелегално и надвор од сите законски процедури да го протурка милионскиот проект за давање на уличното осветлување под концесија по пат на јавно приватно партнерство за период од десет години. Компанијата која што ја избрал Мерко е од Виена. За манипулациите кои што се прават проговорија дел од градските советници.

Позадната е во целата нелегална постапка бидејќи првото нешто кое градоначалникот и администрацијата го направија дадоа некакво интро,некаков вовед за запознавање со можен партер.Тоа е нешто што се случува на крај, што доаѓа по јавен оглас тоа е класична тендерска постапка во која што се бира најдобриот понудувач.Не можете Вие да го донесете лицето или фирмата која што сте ја одбрале па потоа ги терате сите други постапки”-вели  Никола Кукунеш –советник ВМРО ДПМНЕ

Договорот со претходниот оператор е истечен, но од Алијанса на албанците сугерираат општината сама да го одржува постојното уличното осветлување во наредните 5 години, а потоа да се бара нов концесионер. Тие се сомневаат дека се работи за матна зделка,оти стопанисувањето со осветлувањето е вносен бизнис од кој во општинската каса годишно се влеваат околу 1 милион евра.

Реклама

 Носителот на овој процес за изработка на физибилити студија за јавно приватно партнерство за осветлување на град Струга е ставен на црната листа на САД меѓудругото и за голема корупција, што создава мислење од наша страна дека не треба да биде дел од тој процес односно истиот да се случува во 2029 година, со што ќе се создадат сериозни услови да имаме квалитетно јавно осветлување во Општина Струга”-вели Лулзим Насуфи-Алијанса на албанците

Стружани негодуваат кога е во прашање уличното осветлување.

Ние живееме во село,ама осветлување треба да има,затоа што тендерите се земени, општината вероватно си плаќа,ама не го одржува што е нивна грешка.Дали сте забележале ноќно време низ градот да нема светла? Да има и такви случаи што нема светло.-Па би требало да има светло,нема само тука во градот и во село,заради што и ние плаќаме ако сме во село,ама во Струга веќе сме е пропаднато не верувам некогаш дали ќе биде добро”-велат граѓаните

Стружани се присетуваат на реструкциите кои беа актуелни посебно лани кога градот тонеше во мрак,уличлно осветлување немаше нити пред училиштата,па родителите беа принудени да ги чекаа децата по завршување на наставата.

Новинар Росица Голабоска