Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Македонија

Комисијата за несреќи во М- НАВ почнува истрага за избегнатиот судир над авиони над македонското небо

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти денеска почнува активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти денеска почнува активности во M-НАВ како дел од истрагата  за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември во кој според објавите е избегнат судир на два авиона. По медиумските објави врз основа на сајтот за следење летови флајтрадар 24,  дека авиони на „Туркиш Ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над меѓународниот аеродром во Скопје.

За настанот постапува и агенцијата за цивилно воздухопловство (ацв), а ако се утврди дека има кривично дело наодите треба да се достават до основното јавно обвинителство.

– Влегуваме во м-нав и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација – изјави за МИА во петокот Зоран Илиевски, претседател на комитетот за истрага