Реклама

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Македонија

Средба за надминувањето на недостатоците во затворите

Проблемите со просторните услови, недостатокот на вработени, финансиските средства, возилата за спровод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемите со просторните услови, недостатокот на вработени, финансиските средства, возилата за спровод на обвинети лица и потребата од дигитализација на институциите биле во фокусот на денешната работна средба на министерот за правда, Игор Филков, со директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и директорите на затворите во земјава.

Како што информираат од Министерството за правда, на средбата бил разгледан и Извештајот на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа за 2023 година, со цел да се земат предвид нивните забелешки за надминување на недостатоците кои се констатирани.

– На средбата беше договорено да се интензивираат ваквите состаноци со цел да се изнајдат решенија за брзо надминување на одредени проблеми, користејќи меѓународна помош, но и јакнење на буџетот на УИС заради непречено функционирање на затворските институции како и користење на пробацијата и другите алатки за условен отпуст на затворениците, соопштуваат од Министерството за правда.

Реклама

Дополнуваат дека министерот за правда, Игор Филков, ја искажал заложбата и посветеноста на Владата за надминување на сите проблеми и подигнување на капацитетите на затворските институции со цел подобрување на условите водејќи грижа за правата на затворениците и нивна ресоцијализација