Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Само една понуда за компресорската станица, ќе се реши ли проблемот во операционите сали?

Само една фирма е заинтересирана за вториот тендер за набавка на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само една фирма е заинтересирана за вториот тендер за набавка на нова компресорска станица на Клинички. Дали ќе “падне” договор помеѓу компанијата и Министерството за здравство ќе одлучува Комисијата за јавни набавки во одреден законски рок. Понудата е за набавка, монтажа и пуштање во работа на системот за компримиран воздух кој ќе ги снабдува сите клиники. Проценетата вредност на набавката беше над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

Пристигната е една понуда, за која во наредиот период во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и стручни лица по што, доколку истата ги усполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка” – велат од Министерство за здравство.

Ако повторно не се склучи договор со компанија, министерот Таравари кажа дека ќе одат со директно договарање со фирма која може да инсталира нова станица за компримиран воздух и да се нормализира работа во операционите сали, бидејќи сега се користат надворешни компресори, интервенциите се редуцирани, а листата на чекање постојано се зголемува.

Реклама

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

Драмата со системот на компримиран воздух на скопска хирургија трае од средината на мај, кога операционите сали беа затворени откако се појавила непозната миризба во салите.

Инаку, во јавноста излегоа информации дека причина за смрдеата во хирушките сали е опасниот формалдехид во доводот кој не е во употреба, но дополнителните мерења не покажаа присуство на ова хемиско соединение над дозволеното во салите. Од Клиника за трауматологија, анестезија, реанимација информираа дека се преземени дополнителни превентивни мерки, вклучувајќи почести и ненајавени мерења на квалитетот на воздухот во хируршкиот блок за поголема безбедност и на персоналот и на пациентите.