Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Министерот Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија – со колегата Хозе Мануел Албарес Буено се заложија на интезивирање на соработката меѓу двете земји                     

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во работна посета на Кралството Шпанија, каде оствари средба со неговиот домаќин, шпанскиот Министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено.

На средбата беа поздравени пријателските врски меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и беше нагласено задоволството  од досегашниот развој на билатералната соработка со истакнување на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски и потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката.

Министерот Муцунски го запозна својот шпански колега со преструктуирање на министерството, новите надлежности, можностите за инвестирање во државата, како и потенцијалот за продлабочување на соработката во повеќе области. Потенцирајќи ја важноста на политичката поддршка за интеграциите, министерот Муцунски изрази благодарност за недвосмислена заложба на Шпанија за евроинтеграциите на нашата држава, како и задоволство на цврстото партнерство во рамки на НАТО Алијансата. Говорејќи за евроинтеграциите на Република Северна Македонија, тој нагласи дека новата влада ги знае обврските што следуваат со процесот на интеграција и посветено работи на спроведување на неопходните реформи.

Реклама

Истакнувајќи го задоволството од посетата на министерот Муцунски и зборувајќи за реформите кои во изминатиот период ги спроведе земјава, министерот Албарес Буено ја потврди шпанската поддршка за евроинтеграциите, притоа ја потенцираше неопходноста за забрзување на интеграциите на државата во ЕУ. Од негова страна беше изразено задоволство за цврстото партнерство во рамки на НАТО и придонесот на Република Северна Македонија во контекст на регионалната стабилност.

Двајцата министри се согласија дека политичките и дипломатски односи помеѓу двете земји и во иднина ќе продолжат да се градат во духот на разбирањето и пријателството. Во таа насока, во следниот период двете страни ќе работат на унапредување на економската и културната соработка, промоција на спортската дипломатија, а со посебно внимание ќе се разгледа и можноста за  воведување директна авиолинија помеѓу двете земји.

На средбата стана збор и за организирање на бизнис форум на кој ќе се разгледаат можностите за економска соработка помеѓу двете земји. Министрите разменија мислења и за воениот конфликт во Украина, како и политичката состојба во регионот.

Во рамки на посетата на Кралството Шпанија предвидено е министерот Муцунски да се сретне и со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, како и да има свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема “ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”. Покрај тоа планирано е Министерот Муцунски да присуствува на Свечен прием организиран по повод 8 септември – Денот на независноста.