Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Прилози

Нови „историски“ ветришта дуваат од Скопје кон Софија

Новата историска комисија од македонска страна во спорот со Бугарија, предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата историска комисија од македонска страна во спорот со Бугарија, предводена од Ванчо Ѓоргиев се очекува да има многу поцврст став од претходната, во разговорите со бугарските колеги, сметаат дел од историчарите. Она што сигурно претставува предност пред нивните претходници е што пред се станува збор за луѓе кои се експерти во своите историски области, вели за Алфа универзитетскиот професор по историја, Тодор Чепреганов.

-Навистина претходната комисија ај да кажеме дека не беа сите стручни во својата област, оваа комисија за разлика од претходната се сите експерти во својата област, во своите области и што е најважно се историчари. А мислам дека ќе биде така, дека комисијата нема да дозволи нешто што е надвор од рамките на националната историја за Македонија да помине како што сакат Бугарија, изјави Чепреганов.

Оваа историска комисија е плод на т.н. договор за добрососедство кој го потпишаа Зоран Заев и Бојко Борисов, со кој и двете страни имаат должност да предложат свои членови во ваквата комисија. Според Чепреганов самото нејзино постоење сепак е проблематично, бидејќи никој нема право да преговара за личните историски чувства на некого.

Реклама

-И затоа сум за институционално решавање на ова прашање, нема никаква потреба од комисија, никој нема право комисиски да ми определува дали Гоце Делчев припаѓа на македонската или бугарската историја. Тоа го кажал народот кога требало и денеска ние да расправаме за тоа, изјави Чепреганов. 

Со одлука на Владата, членови на новата комисија покрај претседателот Ванчо Ѓоргиев ќе бидат и директорот на Институтот за национална историја Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровоски.

Паралелно со составот на новата историска комисија, во петок во Софија оди и претседателката Гордана Силјановска Давкова, која е предвидено да оствари средба со бугарскиот колега, Румен Радев. А во делегацијата со неа ќе бидат и министерот за култура Зоран Љутков и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Тој најави дека ова посета наменета за афирмација на користењето на културната дипломатија како алатка, во период кога навистина постои непотребна тензија во меѓународните односи, бидејќи тоа е потребно во делот на трговијата, економија и политичката соработка.

Матеја Петровски