Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Борба до последниот атом за подобра Македонија: Пред 33 години добивме независнот, пред државата се уште битки за подобра иднина

Едната битка ја добивме пред 33 години, станавме независна држава, но постојат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едната битка ја добивме пред 33 години, станавме независна држава, но постојат уште битки кои Македонија мора да ги победи. Граѓаните оправдано се разочарани, борбата на новите генерации е победа против криминалот и корупцијата, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија по повод осми септември, денот на кој во 1991-ва македонските граѓани на референдум одлучија да станеме независна држава.

-Како нација имаме пред себе две големи цели, првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек, кое е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството. Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи, таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени со децениите претходно, изјави Мицкоски.

Македонија во својата независност според многумина доживеа голем број предавства, променето беше името со Преспанскиот договор, го добивме и таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија, кој ни донесе блокада на европскиот пат. Мицкоски порача дека она што политичките лидери ни го сервирале минативе три децении веќе нема да се случува.

Реклама

-Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери, кои ги продаваа нашите национиални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори, имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Се бориме за нашите интереси, за нашето достоинсво и ве уверувам дека ќе успееме, изјави Мицкоски.

Работите може да се променат, премиерот уверува дека работите во Македонија може да бидат подобри, потенцирајќи дека кај новата власт постои волја за такво нешто.

-Ве уверувам дека има надеж и ќе се борам до последниот атом да докажам дека сме поразлични од се досега и дека ги менуваме работите, изјави Мицкоски.

Мицкоски соопшти и десет принципи со кои траба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители. Ја повика опозицијата наместо да б иде приврзок и параван на криминални политичари, да созрее и да се реформира и заедно да седнат на заедно на маса со цел градење на македонска платформа за заедничко делување во иднина.

Матеја Петровски