Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Следење прекршоци и спасување животи: Министерот Тошковски итно турка систем на сообраќајни камери

МВР работи на тоа камерите на булеварите и улиците да ги ловат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР работи на тоа камерите на булеварите и улиците да ги ловат несовесните возачи и да се казнат поради сообраќајни прекршоци, а со тоа да се зголеми безбедноста во сообраќајот во главниот град.

Во Скопје има камери на улиците, но тест период покажал дека само 15 % од нив функционираат, а на нив регистрирани се илјадници сообраќајни прекршоци за само 24 часа.

Министерот Панче Тошковски најави итна имплементација на системот за сообраќајни камери за следење на прекршоци во Скопје бидеќи во буквална смисла а зборот, камерите ќе спасуваат животи. Во емисијата За или Против на телевизија Алфа, Тошковски посочи дека претходниците не размислувале како ќе се постапува целиот процес – од снимање сообраќајни прекршоци до наплата на казни.

Реклама

Според статисиката за жртви во сообраќајот што ја води МВР годишно на патиштата поради непочитување сообраќајни правила гинат над 120 лица, од низ значителен број се млади луѓе. Според бројките што ги соопшти министерот, 149 смртни случаи имало во 2017 година, 129 во 2018 година и 126 во 2019 година.

Систематското поставување на надзорни камери почна уште во 2012 кога МВР го промовираше проектот „Безбеден град“ чија намена беше предвидена камерите да ја зголемат безбедноста во сообраќајот по повеќе основи.  

И по 12 години, поставените камери на булеварите се уште не ја вршат основнната функција за ловење на сообраќајни прекршоци. Ќе треба да се направат и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за да профункционира системот за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци.