Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Андоновски од Полска: Дигиталната трансформација е врвен приоритет на македонската Влада

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на своето учество на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на своето учество на 33-тото издание на Економскиот форум во Карпач, Полска, имал низа активности, меѓу кои и излагање на централната пленарна сесија „Централна и Источна Европа: Нов лидер во дигиталните иновации”, каде што дискутирал  за дигиталната трансформација, регионалната соработка и европската интеграција преку дигитализација.

Говорејќи на оваа тема, министерот Андоновски го истакнал формирањето на Министерството за дигитална трансформација како јасен знак дека дигиталната трансформација е врвен приоритет на македонската Влада.

Во контекст на меѓународната соработка во овој сегмент, соопштија денеска од Министерството за дигитална трансформација, Андоновски нагласил дека успесите на земјите во Централна и Источна Европа служат како инспирација и модел за Република Македонија. Тој го споменал проактивното учество на земјата во тековните регионални дигитални иницијативи и ја нагласил важноста на размената на искуства и знаења во областа на дигитализацијата.

Реклама

„Андоновски посебно се осврна на инклузивноста во дигиталната трансформација, истакнувајќи дека Република Македонија се стреми кон создавање дигитални решенија кои се лесни за користење и безбедни за сите граѓани. Во овој контекст, тој ја нагласи посветеноста на владата за развој на дигитални вештини, со посебен фокус на младите, но истовремено и на постарите граѓани“, се наведува во соопштението.

Говорејќи за европската интеграција, министерот истакнал дека усогласувањето со дигиталните стандарди на ЕУ е клучен чекор кон нашата интеграција во тој правец. Било потенцирано дека овој процес не само што ја подготвува земјата за членство во ЕУ, туку и создава поволна средина за привлекување странски инвестиции во технолошкиот сектор.

„Нашата цел е да ја претвориме Република Македонија во атрактивна дестинација за технолошки инвестиции и иновации“, изјавил министерот, додавајќи дека ова ќе придонесе за економскиот раст и создавање на нови работни места во дигиталната економија. Андоновски нагласил дека Република Македонија е подготвена да биде активен учесник во дигиталната трансформација на регионот.

Тој повикал на поблиска соработка меѓу земјите од Централна и Источна Европа во областа на дигитализацијата, нагласувајќи дека заедничкиот напредок во оваа област ќе придонесе за поголема конкурентност и просперитет на целиот овој дел од Европа.

„Учеството на министерот на овој престижен форум ја потврдува заложбата на Република Македонија за забрзан дигитален развој и нејзината амбиција да стане важен фактор во дигиталната економија на регионот и пошироко во Европа“, соопштија од Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на Форумот, во агендата на министерот Андоновски е предвидена и билатерална средба со неговиот полски колега, Потпретседател на Владата и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски.

Економскиот форум во Карпач обединува повеќе од 100 врвни светски компании. Во текот на три дена состаноци и дискусии, речиси 6.000 гости ќе учествуваат на над 500 настани.