Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Граѓаните се оптмисти дека влез на трет мобилен оператор ќе донесе подобри и поевтини услуги

На Македонија и е потребен трет мобилен оператор што ќе ги намали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е потребен трет мобилен оператор што ќе ги намали цените за услугите на мрежните мобилни оператори. Граѓаните во очекување на нова понуда на пазарот која ќе им овозможи поевтини цени за користењето на мобилните телефони.

Иселеник од Македонија кој живее во Швајцарија плаќа 19 евра за мобилен оператор. Според него, во Македонија е скапо користењето на мобилен телефон бидејќи во Швајцарија каде просечна плата е 4500 евра, услугата ја плаќа за помалку од 20 евра.

Споредбено со земјите од регионот, во моментов само Македонија и Албанија имаат по два оператора. Односно во земјава имаме два мобилни оператори кои имаат сопствени мрежи, а услуги нудат уште 4 виртуелни. Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово имаат по три или повеќе.

Реклама

Она што е позитивно е најавата дека кај нас сепак влегува конкуренција, која треба да донесе подобрување на услугите и конкурентност на цените. Вече е извесно дека унгарскиот мобилен оператор Фор Ај Џи планира да инвестира во македонија. Владата веќе потпиша и меморандум со оваа телекомуникациска компанија. Она што допрва треба да се случи е распишување и на тендер, што го најави и премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека нема намера да потпишува договори во четири очи, туку очекува постапка која ќе привлече учество на поголем број заинтересирани компании.

Дека на Македонија и е потребен трет мобилен оператор уште поодамна предупреди министерот за транспорт Александар Николоски. Тој вели дека на македонскиот пазар постои дуопол и треба да се бараат мерки за да поевтинат услугите за граѓаните но и за бизнисите. Министерот како причина за воведувањето на трет оператор ги наведе цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.