Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Утре е првиот училиштен ден – навремено испорачани книги

За 245 илјади основци и средношколци утре почнува новата учебна година.  По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 245 илјади основци и средношколци утре почнува новата учебна година.  По подолго време годинава дека децата на време ќе добијат учебници за сите предмети, освен за странски јазици зашто минатото раководство ја поништило јавната набавка. Како што информираше министерката, Весна Јаневска набавени се 360 илјади учебници во вредност над 80 милиони денари. Обезбедени се 10тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование кои досега не биле испечатени. Минатата година дури и се користеле учебници без регулирани авторски права.

Во новата учебна година се воведува едносменска настава во 140 училишта во Македонија. Пролетен распуст нема да има оти таква била  волјата на наставниците, родителите и децата. Годинава ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а за над 800 веќе биле завршени огласите.

„Во моментов ги консултираме наставниците и сите нивни забелешки ќе бидат интегрирани во новите програми што ќе ги подготви БРО и етапно во следните три години, година по година, а почнувајќи од 2025та-2026та, ќе се воведуваат во училиштата. Ќе се навратиме и на ревидирање на наставните програми во пониските одделенија, бидејќи и таму ситуацијата е идентична“, истакна Јаневска.

Реклама

Новата учебна година значи и нови трошоци за домаќинствата. 3 до 4 илјади денари се потребни само за школски прибор за едно прваче. Во оваа сума не влегуваат новите обувки и облека кои по традиција се купуваат за првиот училиштен ден. Според граѓаните, стартот на школската година  чини и до 10 илјади денари.

Од МОН изнесоа загрижувачки податоци за бројот на запишани деца . Во изминатите седум години во Македонија има околу 17 илјади помалку средношколци и основци, а за истиот период бројката на запишани првачиња е намалена за околу 3.500. Околу 18 илјади за прв пат годинава ќе седнат во школските клупи.