Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Пред новата жетва, оризот од лани се’ уште стои во амбарите поради ниската откупна цена

Пред стартот на новата жетва, амбарите на земјоделците од кочанско, полни со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред стартот на новата жетва, амбарите на земјоделците од кочанско, полни со оризова арпа од ланската реколта. Од Националната мрежа на земјоделци, тврдат дека во моментот има околу 5000тони неоткупена арпа, а тоа се должи на ниската откупна цена што им ја нудат откупувачите. Сега стравуваат дека приносите од новата жетва дополнително ќе ја намалат цената и белото злато,  ќе го продават за џабе..

   „Ние станавме социјални случи, верувајте! Министерот, беше и имаше договор да го откупат. Тогаш се нафатија, но сега велат дека не се во состојба , ќе се увезува од Србија…имаат образложение. Значи тој договор што го постигнаа со министерот не е испочитуван и не е откупен ниту еден килограм ориз. Луѓето буквално не знаат што да му прават , а и нема каде да го чуват, бидејќи сега ќе стаса новата реколта„ вели Здравко Арсов, од Националната мрежа на земјоделци.

Во моментот  килограм арпа, се продава од 30 до 32 денари, што за производителите е неодржливо и нивното производство го прави нерентабилно. Бидејќи откупувачите не го испочитувале договорот, оризопроизводителите барат повторна средба со министерот, како и формирање на нова производна цена за белото злато.

Реклама

  „Се уште се водиме по таа производна цена изготвена пред две до три години. Меѓутоа оттогаш до денес имаме промени во производството, значи употреба на повеќе хербициди и трошоците секако се зголемуваат. Затоа и апелираме да не повика министерот и да оствариме дијалог во што е можно пократок рок и ќе најдеме заеднички јазик за да ги решиме проблемите„ изјави Стојче Ташов, од Националната мрежа на земјоделци.

Новата жетва на ориз се очекува да започне во септември. Соред првичните прогнози на оризопроизводителите, поради сушата годинава се очекува род со лош квалитет. 

„Квалитетот за 2024 ќе биде најлош. Причина е касната седба. Тие што сееа до 1мај тие ќе имат подобри резултати. Таму се очекува жетвата да започне од 15 септември„ изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци

Се очекува да бидат ожнеани околу 20.000тони оризова арпа, од која по обработката ќе се добијат околу 10.000тони бел ориз.