Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски вети дека владата ќе направи бавењето со криминал да биде неисплатлива професија

Убијците во случајот кај „Мавровка“ биле избегани од затвор во времето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убијците во случајот кај „Мавровка“ биле избегани од затвор во времето на СДСМ и ДУИ – Ова го  откри премиерот Мицкоски по обвинувањата од  пратеничката на СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, дека инволвираните во убиството се бегалци од затвор и полицијата не можела да ги најде цел месец се до убиството.

Криминалот се расчистува на целата територија на државата, а веќе биле идентификувани криминални групи поврзани дури и со тероризам, а дел од нив имаат своја логистика и внатре во затворите. Она со кое што сега се соочува Владата е  расчистување на криминалот кој во наследство го оставила коалицијата  СДСМ и ДУИ.

Постојат политички глодари, кои што мислат дека на таков начин ќе спечалат некаков политички поен на сметка на загубените животи, но жалам што таков тип на политички глодари не го гледаат минатото и не гледаат што оставија и што правеа додека беа тие во Владата …..Треба на сите да им е јасно, не се само тие, набљудуваме уште неколку групи и овде во Скопје и неколку други градови низ цела држава, во цела Македонија гледаме неколку групи. Овдека идентификувавме три групи, кои за жал имаат своја логистика и во некои од затворите, кои што се занимаваат со изнуда, со тероризам, со рекетирање, со тежок облик на криминал, точно ги знаеме кои се и очекувам многу скоро и за нив бавењето со криминал да биде неисплатлива професија“, дециден е премиерот Мицкоски.

Реклама

Опозицијата обвинува дека „свиркачи“ им кажале оти поранешниот припадник на УЧК Блерим Рамадани, избегал од Македонија со помош на извесен Наим Рамука, началник на северната граница со Косово, а бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука.

Мицкоски посочи дека ваквите тврдења се ноторна лага и го повика Јавното обвинителство да влезе во институциите, и ако се испостави дека е точно, ќе има одговорност.

„, Го повикувам јавниот обвинител кој е избран од СДСМ и ДУИ веднаш да влезе и да констатира фактичка состојба, а јас ви тврдам дека тоа што го изнесе тој е ноторна лага. Доколку се утврди дека тврдењата на опозициската партија се точни премиерот вели ќе следува одговорност, но доколку се докаже дека се неточни, тој го охрабрува раководството на Министерството за внатрешни работи да поднесе тужба за клевета и нарушување на углед.

Премиерот испрати порака дека Владата работи на тоа да се исчисти  криминалот од секоја пора на општеството, откри дека веројатно оваа есен ќе бидат собрани цврсти докази за да  бидат откриени злоупотребите и  во државните институции .