Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

СВР Скопје целосно го расчисти убиството пред трговскиот центар Мавровка

СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“, кои беа извршени на 20.08.2024 на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Имено, по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје.

“Веднаш потоа, од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје беа извршени увиди на местата, беа извршени разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, беа прегледани видео записи и беше извршена претрага на терен за обезбедување на материјални докази како што се возила, пиштол, чаури и други одземени предмети. Од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР извршено е вештачење на чаури и пиштол со кое вештачење се поврзуваат двете кривични дела со сторителот Е.К.По обезбедување на целокупниот доказен материјал, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против Е.К. поднесе кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” казниво по член 123 став 2 точка 4, кривично дело „убиство” во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” казниво по член 396 од Кривичниот законик.За второто лице кое беше лишено од слобода вчера до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едно инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело “Убиство“, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.