Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Судството ќе се реформира – премиерот Мицкоски не се откажува

Состојбата во судството е катаклизмична и потребни се итни реформи – премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата во судството е катаклизмична и потребни се итни реформи – премиерот не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители. Ако треба ќе го продолжи рокот за консултации и нови идеи кои првично беше до крајот на август. Мицкоски е дециден дека се отворени за дебати, предлози и идеи, само Македонија конечно да стане правна држава.

Се уште останувам на ставот дека се потребни реформи во судството. Довербата е катаклизмична. Во нашата програма е да се распуштат советите бидејќи овие се партизирани. Ако се отвори дебата, отворени сме да ги сослушаме сите. Ако е потребно да направиме еден мозаик од идеи, само за да имаме правна држава. Ако немаме правна држава, имаме безбедносна закана. Мораме да одговориме соодветно и ќе правиме реформи за да ја поразиме безбедносната закана. Не значи тоа само ако некој земе оружје и нападне, тоа е само еден аспект. Ако имаме криминални групи, корумпирани луѓе, го рушат интегритетот. Ќе продолжиме со консултации, до крајот на август, а може и понатаму ако е потребно, порача Мицкоски.

Последните случувања со судијата Пајазит Пајазити кој му додели куќен притвор на командатот на УЧК Блерим Рамадани, па поради тоа тој се даде во бегство, и безусловното прифаќање на спогодбата за признавање вина на членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети се уште еден доказ дека правосудниот систем е на колена. Мицкоски за Пајазити вели дека и во минатото имал дискутабилни пресуди.

Реклама

Пајазит Пајазити е судија кој има направено многу вакви пресуди, дискутабилни. Оставам на судскиот совет да ги истражи овие случаи, рече Мицкоски.

Инаку, вчера Мицкоски се сретна со претседателката на Судски совет Весна Дамева, и порача дека невладеењето на правото и криминалот се безбедносен проблем.

Дамева пак порача дека институцијата може да се реформира преку имплементација на препораките од Извештајот на Оценската мисија, а судската и извршната власт не треба да се гледаат како соперници, туку напротив како соработници.