Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Расте бројот на заразени со ковид, Таравари бара да се почитуваат препораките

Расте бројот на случаи со Ковид-19. Регистрирани се нови 271 позитивни пазциенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на случаи со Ковид-19. Регистрирани се нови 271 позитивни пазциенти за изминатата недела, покажуваат податоците на ИЈЗ. Бројот на заболени, за разлика од претходната недела е зголемен за 60%.Најголем дел од случаите се од Скопје, Кавадарци, Тетово и Охрид.Во текот на минатата недела има и еден починат станува збор за човек над 60 години.

Здравствените власти со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките, да не се собираат во поголеми групи и редовно да ја одржуваат хигиената.  Надлежните уверуваат дека простор за паника засега нема, повеќето случаи се асимптоматски или со многу лесни симптоми.

“Пациентите што се третираат на клиниките од одредена болест, а во меѓувреме се инфицираат и со ковид, препораките се да продолжат со лекување во истата клиника, конзилијарен инфектолог да даде препорака за дополнителна терапија доколку треба. Повеќето пациенти очигледно го поминуваат асимптоматски или со многу лесна форма на симптоми” – рече министерот Арбен Таравари.

Реклама

Лекарите апелираат граѓаните особено кога посетуваат здравствени установи, при посети на болни, и во јавен транспорт да користат заштитни маски. Комисијата за заразни болести потврди дека во државата е регистриран раст на бројот на заболени од ковид. Тие ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат мерките за превенција. Меѓу препораките се избегнување групирање и подолг престој во затворени простории, и контакти со заболени лица.

Освен општите препораки, најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста останува вакцинацијата.