Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Планинари-алпинисти од ПЗ „Трескавец“ го освоија „Триглав“; порачуваат – планините треба да се чуваат, а не да се уништуваат

Додека македонските планини со недели немилосрдно ги пеплосуваат огненените стихии, најчесто предизвикани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека македонските планини со недели немилосрдно ги пеплосуваат огненените стихии, најчесто предизвикани од човек, и каде речиси два месеци единствени „посетители“ се само луѓето кои со натчовечки сили деноноќно се борат со огромните пламени јазици, група од 20-тина планинари-ентузијасти од новоформираното Планинарско здружение „Трескавец“ од Прилеп, неодамна го освои словенечкиот планински врв „Триглав“.

  „Врвот е на надморска висина од 2.864 метри. Искачувањето траеше два дена. Првиот ден имавме негде 7 часа пешачење до Домот „Планика“ каде спиевме, а другиот ден не очекуваше потешкиот дел на искачувањето, значи карпестиот, алпинистичкиот дел до врвот. Кога тргнавме времето беше иделано, но како одевме нагоре имаше густа магла, поверемно и налети на ветар од над 80 км на час“, – раскажува Христијан Секулоски, претседател на ПЗ „Трескавец“, Прилеп.

  Не криејќи ја својата восхитеност од она што го виделе и доживеале таму, иако временските услови не им биле баш наклонети, овие пасионирани вљубеници во планината, горди на својот подвиг, велат дека ние уште многу треба да учиме за тоа како се чува и сака природата, а особено помладите генерации.

Реклама

 „Да ја почитуваат планината како што тие сакаат нив да ги почитува природата. Да ја најдат таква, а и да ја остават таква каква што ја нашле, и уште подобра, затоа што ваму, во Словенија, на Триглав видовме нешто преубаво и убаво е и кај нас да биде така, да се потрудиме и да дадеме придонес кон сето тоа затоа што и ние сме дел од таа природа“, – вели Слободан Димоски, долгогодишен планинар-алпинист.

 „Мојата препорака е до сите млади, како и повозрасни луѓе да уживаат, да ја засакаат планината, да освојуваат врвови, да ја канализираат нивната негативна енергија и да се полнат со планинската позитивна енергија и да го извадат својот стрес, и да ги наполнат батериите затоа што нема ништо подобро од позитивна енергија, чист воздух, планина, природа и да се синхронизираат 100-процентно со природата“, – рече Ангела Петрушеска, планинарка.

  Според Стефан Петејчук од ПЗ „Трескавец“, тие се особено задоволни што од после Короната, кај нив постојано има прилив на млади луѓе кои ја сакаат и почитуваат планината и кои се подготвени да ја зачуваат таква каква што е и со сите сили да се борат против нејзиното уништување. Ова, најмногу преку подигањето на колективната свест.