Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Јаневска: Во 124 училишта од 1 септември ќе се учи во една смена, се прилагодуваат сите услови за доброто на децата

Сто дваесет и четири основни и средни училишта во Охрид,во Кавадарци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сто дваесет и четири основни и средни училишта во Охрид,во Кавадарци и во други градови низ државава ги исполнуваат условите за воведувањеедносменска настава.Министерството за обрзование ќе ја искористи можноста  во периодот до почетокот на учебната година,да се подготват тие училишта и од први септември учениците наставата да ја следат во една смена.Во меѓувреме се вршат сериозни анализи,во догледно време со доградба на неколку училници да се овозможи едносменска настава во уште 50-тина други училишта.

 “Ова ќе биде приоритет и ние развојно во неколку години ќе ги прилагодуваме сите училишта за таа настава која предвидува и промена во самиот начин на учење, подучување, ангажирање на наставниците и поголем престој на учениците во училиштата”- вели Весна Јаневска,министер за образование

Во меѓувремепоради намалениот број на ученици, дел од училиштата посебно во руралните средини ќе се затворат.Според Државниот завод за статистика ланската учебна година се затворени 14 основни училишта.Станува збор за училишта во кои учат по неколку дечиња и кои од централните училишта се оддалечни не повеќеод 5 км.Но колку и кои училишта ќе бидат затворени допрва ќе се одлучува,до 1-ви септември нити едно училиште нема да биде затворено бидејќи треба време да се обноват податоците,вели ресорната министерка.

Реклама

 “Тоа ќе биде во голема корист на учениците но секако ќе има корист и државата.Тие училишта можат да се користат за градинка, за било што што и е потребно на општината .Ги спомнувам градинките оти имаме недостаток на градинки затоа спомнав може и за библиотека ,за некаков младински центар доколку има потреба”-вели Јаневска

Инаку националната комисија за учебници има нов состав, таа ќе биде клучен фактор во одобрување и обезбедивање на квалитетни учебници во основното и средно образование. Јаневска го истакна враќањето на историјата како посебен предмет во македонското образование затоа што историја е национален предмет со искучително значење.Таа потенцираше дека ќе се ревидираат учебниците по сите предмети,во прв ред историја, географија и македонски јазик.Револтот кај родителите е голем,децата велат посебно во лектирите читаат нешто што не доликува на нивната возраст.

-Точно има реакции на родители и на наставници, вели Јаневска,оваа година ги ставивме на јавна расправа наставните планови и програми оти има незадоволство и од квалитетот на учебниците и од содржините.Но тоа е процес кој не може да се направи во 2-3 месеци,сето тоа ќе биде направено во следната година до година и пол.

 Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски