Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Општина Кавадарци ќе гради нова, модерна обиколница вредна неколку милиони евра

Со нова, модерна обиколница во должина од 14 километри и вредна неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со нова, модерна обиколница во должина од 14 километри и вредна неколку милиони евра, општина Кавадарци ќе го решава сообраќајниот метеж во градското јадро, особено со тешките товарни возила-шлепери, кои дневно ги има преку 1.000. Според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој денеска беше запознат со перформансите на овој капитален проект, израдбата на обиколницата веќе утре како информација ќе биде доставена до Владата, а ЈПДП ќе добие задача да ја изготви проектната документација.

 „Заеднички се договоривме, ЈПДП да пристапи кон прокетирање кое што треба да се заврши во најбрз можен рок и исто така се договоривме од Буџетот на РМ да се определат средства со цел оваа обиколница да се заврши. Не би сакал да давам рокови, но она што можам да го кажам е дека ќе направиме се’, во текот на овој прв манадат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, оваа обиколница да се заврши“ – изјави Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

  Општина Кавадарци е втора општина по територија во Македонија, со само 2 проценти невработеност, а и е втора општина во учеството на БДП во делот на приходите на државата, што укажува на една многу голема индустриска раздвиженост, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и додава дека изградбата на обиколницата е повеќе од потребна, бидејќи освен локално, таа ќе има и регионално значење.

Реклама

  „Обиколницата, според првичните проектни задачи кои што ги имаме на општинско ниво, ќе биде околу 14 км. Полнува после Неготино и завршува со регионалниот патен правец кој се врзаува за Мајден, каде што имаме потпишано Меморандум со Грција и заедно со дотичните министерства заизградба на граничниот премин. Така што овааобиколница ќе добие и порегионално значење и функционалност за самиот граничен премин“, – посочи Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци. 

И првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски, согласен е дека вакви обиколници, час поскоро, треба да се изградат околу сите општини.

  „Имаме еден апсурд каде што низ градот поминуваат патишта кои што се регионални, кои се под надлежност на државата. Со правењето на заобиколницата, овие регионални патишта нема да бидат повеќе под надлежност на државата, туку ќе бидат под надлежност на општината, а воедно и ќе се овозможи голем развој на општината Кавадарци“, – истакна Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

  Освен увидот во дигиталната презентација на обиколницата, министерот Николоски и директорот Трајановски, извршија увид и во финишот од градежните работи на улицата „Ѓорѓи Соколов“.  

Каролина Дурло